Жената која го предвиде убиството на американскиот претседател Џон Кенеди имала визија дека кон крајот на оваа година ќе избувне војна која што ќе доведе до крај на светот.
Жин Диксон била една од најпознатите визионерки и астролог во Америка и напишала седум бестселери во кои ги изнела своите предвидувања.
Таа седум години пред смртта на Кенеди предвидела дека ќе биде убиен. На 13-ти мај 1956-та година таа предвидала дека на претседателските избори во 1960-та година ќе победат демократите што навистина се случило – Џон Кенеди истата година ги победил републиканците.
Потоа таа предвидела дека тој што ќе победи на изборите ќе биде убиен додека е на таа функција, но можеби не во текот на првиот мандат што така и се случило.
Жин Диксон прво се занимавала со хороскоп кој бил објавен ширум САД, а потоа почнала да ја предвидува иднината со помош на кристална топка.
Во Втората светска војна привлекла внимание преку поранешниот американски претседател Френклин Рузвелт кој ја повикал во Белата куќа и ја прашал за совет во врска со воените прашања. Според сопствените тврдења, таа тогаш му рекла дека војната ќе заврши пред средината на 1945-та година што се покажало како точно.
По смртта на Кенеди, американскиот претседател Ричарс Никсон станал нејзин голем обожавател и исто така од неа барал совет.
Диксон тврдела дека сите нејзини визии потекнуваат од Бог поради што била озлогласена во верските кругови.
Во 1971-та година повторно се сретнала со Никсон кога веќе бил претседател. Тогаш таа му рекла дека има визии за терористички напад во 1972-та година, а тоа било непосредно пред да се случи крвавиот масакар на Олимписките игри во Минхен.
Таа предвидела и огромна катастрофа на брод која се случила во 1989-та година кога танкерот “Ekson Valdez” во водите на Алјаска потонал со 37.000 тони нафта. Таа катастрофа предизвикала смрт на 250.000 морски птици, 2.800 морски видри, 300 фоки и 22 орки.