Конечно заврши сагата помеѓу Лука Јович и Реал Мадрид.
Српскиот фудбалер го напушта “кралскиот клуб” и се сели во Фиорентина. Ќе остане запаметен како едно од најголемите трансфер промашувања на шпанскиот тим. Јович пристигна во 2019 година а Мадридскиот гигант за него плати 65 милиони евра. Денес како слободен играч ќе премине во италијанскиот клуб.
Според информациите на “Газета дело спорт”, Јович во текот на наредните 24 часа ќе го потпише договорот а официјална промоција на стадионот “Артемио Франки” ќе се одржи на 9-ти Јули. 24-годишниот напаѓач ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на соработката со “виолетовите” за наредните две години. Реал Мадрид нема да добие никаква оштета од овој трансфер. При евентуален трансфер на Јович од неговиот нов клуб (Фиорентина) во друга средина “кралскиот клуб” би добил 50% од износот кој би бил платен за него.
Јович на 51 натпревар на “Сантијаго Бернабеу” имаше скромен учинок од 5 голови и 3 асистенции. Лано беше позајмен на гермаски Ајнтахт Франкфурт. Преселбата на “чизмата” отвара можност (конечно) да се покаже во право светло.
Димитар Младеновски






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



