NBA-Ниту 55 поени на Дурент не го спасија Бруклин од пораз (ВИДЕО)

663

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Атланта Хоукс и Бруклин Нетс.

Кевин Дурент постигна личен рекорд од 55 поени кој на крајот се покажаа недовлни за гостински триумф. Одличниот Треј Јанг ги водеше “јастребите” до победа од 122:115 постигнувајќи дабл-дабл учинок од 36 поени и 10 асистенции. Освен поентерската експлозија на “Кеј-Ди” (кој патем постигна и 8 тројки) неговиот тимски колега Кајри Ирвинг имаше 32 поени но, ниеден од остатокот на тимот не успеа да постигне двоцифрен број на поени.

По новиот триумф во “Стејт фарм” арена, Атланта стигна до својата пета победа по ред и се наоѓа на осмата позиција во истокот. Бруклин е десетопласиран.

NBA FAN

Димитар Младеновски