Во првата (целосна) сезона на Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден заедно, се помалку од шампионската титула би било разочарување за Бруклин Нетс.
“Мрежичките” се предводени од убиствено напаѓачко трио. Кевин Дурент влегува во својата 14-та NBA сезона и претставува еден од најдобрите офанзивци кој се појавиле во лигата. Кајри Ирвинг е исто така ветеран со 11 годишно искуство а партнерот во нападот, Џејмс Харден 13 години е проблем за противничките одбрани. Кога на овој состав ќе се додат ЛаМаркус Олдриџ, новоангажираниот Пол Милсап и Блејк Грифин на виделина е искуството на тимот од Њу Јорк.
Во составот се приклучија уште двајца искусни играчи, крилниот центар Џејмс Џонсон и австралискиот репрезентативец Пети Милс. Опасноста од периметарот доаѓа преку шутерот Џо Херис, а младиот и талентиран центар Николас Клекстон го затвара рекетот. Од било кој аспект, Бруклин е тим исполнет со ветерани. Времето не е на нивна страна а прозорот за шампионската титула полека се затвара.
Најголем предизвик на стратегот Стив Неш е тимот да остане здрав и подготвен во текот на целото првенство. Повредите многу пати до сега биле кобни за исклучително силни тимови кој важеле за конкуренти за тронот. Како и да, единствено титула би го оправдала очекувањата на челниците на Бруклин. Дали се доволно силни тоа и да го остварат останува да видиме.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















