NBA колумна на Димитар Младеновски-Мајами со силен состав во борба за Истокот

676

Екипата на Мајами Хит е една од оние кој беа исклучително активни во текот на предониот рок. Само една сезона по пласманот во големото финале, “жешките” разочараа во ланското доигрување.Лидер на тимот од Флорида е Џими Батлер. Тој влегува во својата 11 NBA сезона и претставува еден од најкомплетните играчи на двата краја од теренот. All Star центарот Бем Адебајо, летово го освои златниот медал со својата репрезентација и исклучително мотивирано ќе ја започне новата сезона. Тимот го задржа шутерот Данкан Робинсон а очекува напредок и од младиот и талентиран бек Тајлер Хиро. Нов плејмејкер е поранешниот шампион, Кајл Лаури кој доаѓа од Торонто.Виктор Оладипо се очекува конечно да биде здрав и подготвен. Тимот исклучително ја засили одбраната доведувајќи го Пи-Џеј Такер по освојувањето на шампионската титула со Милвоки, ланското првенство. Нов адут во борбата под кошевите е и Маркиф Морис кој е еден од најцврстите крила во лигата. Ветеранот Двејн Дентмон и младиот бек Кејлеб Мартин се ангажирани да ја засилат клупата за резервни играчи.

На хартија Мајами е посилен од лани, а делува и покомпактно од сезоната во која се пласираа во големото финале. Четата на легендарниот Пет Рајли има само една задача пред себе, од ден на ден да напредува. Доколку ги заобиколат повредите и се адаптираат на игра новите засилувања, се очекува Мајами да биде сериозен противник за секого во Истокот.

NBA FAN

Димитар Младеновски