Во сезона исполнета со повреди, пехови и разнишана тимска хемија, актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс конечно потсети на тимот кој го освои ланскиот пехар. Во дуел со сезонава одличниот Феникс Санс, на домашен терен извојуваа победа од 123-110. Tимот од Аризона е второ пласиран тим во Западната конференција.
Благодарение на одличната партија на Ентони Дејвис кој постигна 42 поени и 12 скокови, “езерџиите” го одбранија својот “Стејплс центар”. Во отсуство на Леброн Џејмс, остатокот од тимот (конечо) придонесе со солидна игра. Кантевиус Калдвел Поуп и Алекс Карусо постигнаа по 17 поени, а Монтрезл Херл и Бен МекЛамор по 12 поени.
И покрај победата, Лејкерси се наоѓаат на 7-то место на Западот со скор 38-30. Доколку останат на оваа позиција ке бидат принудени да го избороат своето место во плејофот преку т.н. “плеј ин” дуели помеѓу тимовите кој се наоѓаат од 7-то до 10-то место во конференцијата.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



