Партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија, бара директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, итно да поднесе оставка на функцијата и против него да се покрене обвинение за злоупотреба на службената должност.
„Парите кои ги наменил за фирми на вицепремиерот и на пратеник од владејачкото мнозинство, не смеат да бидат исплатени. Ова е класичен пример на корупција во највисоките ешалони на власта, во ситуација кога Македонија води на сите светски скали за корупција. Никакви оправдувања не се уважуваат. Едноставно, додека се на функција и поради функциите не смеат да се богатат од народни пари кои им следуваат на вистински, а не на измислени иноватори. Развојот на овој корупциски скандал будно ќе го следиме, како и секој обид да се проневерат народни пари“, велат од партијата.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















