„СТУДЕНТСКИ ОТПОР“ И ДЕНЕС ПРЕД ВЛАДА: Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично

72

Поради актуелните последни случувања кои се поврзани со мерката субвенциониран студентскси оброк и студентскиот стандард воопшто, сме видно загрижени како студенти. Апелиравме да се изврши зголемување на износот од 120 на 160 денари дневно, велат од „Студентски отпор за правда на студентите“.

-Повторно ги повикуваме Пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат Амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година.

Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за Македонскиот студент.

Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе.

Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови.

Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат.

Се гледаме денес во 17:30 часот пред Влада на студентски марш по повод 17-ти Ноември, Меѓународниот ден на студентите, заедно да се избориме за она што ни следува.

Студентскиот стандард мора да се подобри!

АКЦИЈА ВЕДНАШ!, додаваат од „Студентски отпор за правда на студентите“.