Новинари од Западен Балкан поврзани со НВО АЈКФ која донира за промоција на руски наративи

168

Според медиумите од Молдавија, германската НВО „Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden“ – (AJKF), „Асоцијација на новинари за борба за слобода“ – доделувала грантови за промоција на руски наративи во Молдавија.

Медиумите ја посочуваат како клучен член на групата поврзана со АЈКФ извесна Светлана Андреевна Бојко – промотор на про-руските наративи во Молдавија. Во своето резиме, Бојко навела дека е проект менаџер за АЈКФ. Бојко го поддржа организирањето на сите настани поврзани со оваа организација, која ги промовирала тезите на Кремљ.

Според истражувањето АЈКФ остварувала контакти со новинари од Црна Гора и Северна Македонија.

Во случајот со Црна Гора, соработник на АЈКФ е Гојко Раичевиќ уредник на веб порталот IN4S. Во 2016 година добил награда од АЈКФ (https://www.in4s.net/pariz-urednik-naseg-portala-gojko-raicevic-dobitnik-prestizne-novinarske-nagrade/) што му ја врачил десничарскиот екстремист Жан Мари Ле Пен. Во мај 2023 година Раичевиќ бил назначен за уредник на локалниот јавен радиодифузер Радио Телевизија Будва. Раичевиќ е чест гостин на собирите организирани од руската амбасада во Подгорица.

Истражувањето покажа дека Раичевиќ и неговиот портал IN4S се најсилните пропагатори на руската хибридна пропаганда во Црна Гора. Нивната медиумска вклученост во црковните протести директно влијаела на изборниот процес во 2020 година. Наративите и перцепцијата што ја изградија за оправданоста на руската агресија врз Украина придонесоа за растот на проруските чувства во земјата. Истовремено Раичевиќ преку неговиот медиум креирал негативна перцепција за стратешките определби на Црна Гора – НАТО/ЕУ, и ја промовирал руската надворешна политика.

Медиумските написи на Раичевиќ се искористени и за создавање меѓуетничка поларизација во Црна Гора, односно за вештачко создавање раздор меѓу етничките Црногорци и Срби, а исто така дел од неговите текстови се насочени кон создавање негативна перцепција за институциите во земјата – ситуација која е исклучиво во интерес на Русија.

Друг новинар од Балканот кој има врски со АЈКФ е Миленко Неделковски од Северна Македонија. На 22.05.2015 година, Неделковски присуствувал на собирот организиран од АЈКФ во Виена, Австрија (https://www.5-tv.ru/news/96780/). Според текстот на собирот се говорело за формирање на нов проект кој треба да биде насочен кон „борба против лагите во геополитичките процеси„.

Идентично како Раичевиќ, Неделковски во февруари 2016 година доби награда од АЈКФ (https://www.youtube.com/watch?v=OKvVUc6tO2I) што му ја врачил десниот екстремист Жан Мари Ле Пен.

Исто така, бил говорник (тема за миграција) на годишната конвенција на АЈКФ во февруари 2017 година во Париз, Франција.

Неделковски има аплицирано за три грантови во НВО АЈКФ со цел да обработи текстови/емисии со антизападна содржина и каде ќе промовира про руски наратив.

Неделковски е влијателен и контроверзен новинар со врски во политичкиот спектар во земјава. Во минатото известуваше од украинските региони Доњецк, Луганск и Крим за целите на руската пропаганда. Псоелдниот месец на неговиот профил на Х Неделковски тврди дека Русите во Украина не се борат против украинскиот народ, туку против фашистите. Неговото ток-шоу „Миленко Неделковски шоу“ се емитува на Јутјуб и е платформа за ширење руски наративи за македонската јавност.

Како гости и коментатори во емисијата на Неделкоски биле Леонид Савин и Александар Дугин (пропагандисти на Кремљ и идеолози на доктрината Руски свет).

Негови блиски пријатели се Јордан Камчев и Сергеј Самсоненко – кои се на црната листа на САД поради злоупотреба на положбата, вклучување во коруптивни активности и спроведување на агенда на сметка на демократските институции.

(https://www.facebook.com/фото.php?fbid=3248951032073764&set=pb.100008766976583.-2207520000&type=3).