Измените на Изборниот законик в понеделник на собраниска седница

711

Пратениците в понеделник на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по завршување на комисиската расправа. Измените се носат по скратена постапка, затоа што предлогот е со европско знаменце.

Вчера претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за измените на Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман од вкупно 401 кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека поради тоа што имало многу пријавени за збор, одлучил да ја прекине расправата бидејќи поради рокот од два дена за завршување на комисиската расправа, и онака нема да може сите да дискутираат.

Владата поднесе предлог-закон за измени на Изборниот законик со кои, како што тврди, ќе се одблокира формирањето на Државната изборна комисија пред одржување на референдумот оваа есен. Владата бара членовите на ДИК наместо со двотретинско да се бираат со апсолутно мнозинство. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека како и со Законот за јазиците, така и со Изборниот законик, власта грубо ги злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашања. Според опозициската партија, Изборниот законик никогаш не се носел без консултации со опозицијата, а не се ни разгледувал на Комисијата за европски прашања.