Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе се изврши 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман.
Активностите продолжуваат и во наредните денови.
-Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од здравствените власти, вели Ѓорѓиевски.
Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци.
Дезинсекција против ларви:
– 7 мај – авионска дезинсекција
– 11 јуни – авионска дезинсекција
– 26 јуни – теренска дезинсекција
– 10 јули – авионска дезинсекција
– 23 јули – теренска дезинсекција
– 11 август – теренска дезинсекција
Дезинсекција против возрасни форми на комарци:
– 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
– 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
– 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
– 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
– 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
– 4 и 6 август – теренска дезинсекција
До крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци.
Според скопскиот градоначалник овие податоци најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и согласно однапред утврдена динамика.






































