По него лудуваат жените: Малезискиот министер на социјалните мрежи го следат повеќе од милион луѓе

776

Малезискиот министер за млади и спорт, 25-годишниот Сајид Садик, е најмлад министер во историјата на Малезија и станал вистинска интернет-сензација: на социјалните мрежи го следат повеќе од милион луѓе.

Сајид е роден во 1992. година во град Пулаи во Малезија, и има тројца браќа и сестри.

“Тој е еден од највредните луѓе кои ги познавам. Јас сум многу горд на него”, вели неговиот брат Сајид Абдула.

Младиот министер на социјалните мрежи го следат повеќе од милион луѓе. Младиот Сајид сака да излегува, но внимава да не претера.

“И јас сум човек. Грешам, но ја сакам својата земја и живеам во неа”, велли Сајид, кој одбил стипендија на Оксфорд за да се кандидира за министер во Малезија.