“Бомба” во Атина – Панатинаикос има нов кормилар

150

Панатинаикос го направи најголемото засилување за следната сезона.

Атинскиот гигант ја врати својата тимска икона на клупата. Од денес официјално старо-нов тренер на “детелинките” е легендарниот Жељко Обрадович. Српскиот стратег доаѓа на местото на Ергин Атаман, со цел да ја врати доминацијата на атинскиот клуб во европската кошарка, потпирајќи се на историската соработка со сопственикот Димитрис Јанакопулос. По цели 13 години, Обрадович повторно ја презема тренерската палка во Панатинаикос. Овој потег, претставува обид на сопственикот Јанакопулос да го стабилизира клубот по неуспешната сезона. 

Обрадович, кој претходно го предводеше тимот цели 13 години во периодот од 1999 до 2012 година, е симбол на “златната ера“ на клубот во која беа освоени 5 титули во Евролигата и 11 шампионски титули во Грција. Неговото враќање е дочекано со големи очекувања од навивачите, кои го сметаат за единствениот човек способен да го врати Панатинаикос на врвот на европската кошаркарска мапа.

Димитар Младеновски