Константно следејќи жестоки борби, често пишуваме за оние боксери и храбри “фајтери” чие време допрва доаѓа. Овој пат оддаваме заслужено внимание на еден од најталентираните млади боксери на денешницата, Кармел Моутен.
Со своите 157 сантиметри и молневитата брзина која ја поседува, многумина го сметаат за “динамит во мало пакување”. Неговиот аматерски скор е импресивен, 156 победи и 7 порази со вкупно 18 освоени трофеи. По неговото професионално деби на своја 17 годишна возраст, Моутен има скор од 9 победи во 9 борби од кои 7 со нокаут завршница. Уште од 6 годишна возраст активно тренира и важи за еден од најголемите таленти од ризницата на легендарниот Флојд Мејведер. Многумина го споредуваат со непоразениот Гервонта Дејвис кој исто како и Моутен своите боксерски почетоци ги направи под будното око на Мејведер.
На само неколку денови пред неговиот 20-ти роденден, ви ја претставуваме приказната за еден од најперспективните млади боксери од “лесната” категорија. Уживајте…
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















