Аириус “Ејс” Бејли е младо крило кое беше избрано како висок 5-ти пик на минатогодишниот драфт.
Иако за многумина од спортските аналитичари важи за еден од најталентираните играчи во САД, дискутабилен беше неговиот карактер односно неговата незрелост. Според првичните информации, Бејли воопшто не бил воодушевен што ќе треба својата премиерна професионана сезона да ја одигра во Солт Лејк Сити. Набрзо тие информации се подзаборавија од причина што минутажата на Бејли растеше а со тоа се нижеа подобри бројки и вртоглави потези во дресот на “џезерите”. Неговата дебитантска сезона е исклучително позитивна. Иако беше сметан за “чист поентер” тој покажува несебичност како и рапидно подобрување во шутот и активна игра во одбраната.
Често неговите повозрасни колеги за него кажуваат дека (уште сега) придонесува за добрата атмосфера во тимот со својата неисцрпна енергија и позитивен пристап. Кај овој млад и талентиран играч посебно се видливи атлетските способности. Со своите 2.06 цм. поседува висина, но и особено висок одраз како и завидна брзина при решавање на задачите. Посебно убаво за гледање е кога овој 19 годишник е прв во контра нападите.
Уживајте во најубавите моменти од дебитантската сезона на Ејс Бејли.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















