Лила во „грчка поза“ на јахта: Грчкото знаме на погрешно место или водителката ја наместија во грешен кадар? (ФОТО)

1764

Лила со  посака малку да се одмори од се’, па реши да си даде оддишка на душата и умот, на викенд во Солун.

Држејќи се до максимата: „Ако се најдеш себе си во погрешна приказна – напушти ја“, Лила реши да смени друштво, ама не и старите добри навики.

Поглед на море од тераса на еден од најпознатирте хотели во самиот центар на Солун, па малку прошетка со јахта по егејот и се разбира, сето тоа овековечено за на социјалните мрежи, за спомен и долго сеќавање…

Арно ама каква поза, такви спомени, велат. А позата на Лила легната на јахта – божествена. Морско синило, едноделен костим за капење со длабоко деколте од кое љубопитно ѕиркаат надградените адути на водителката, која ужива со чаша скапо шампањско на јахтата и секако, знамето кое означува во чии води е пловилото.

Се’ е потаман и правилно распоредено, освен позата на водителката или поточно кадарот во кој, оној што ја сликал, ја фатил или наместил… за фотографирање, без да и каже!

Зашто ако подобро загледате и самите ќе видите каде завршува мини јарболот на грчкото знаменце? Лила со „Моет“ пред себе и со… „то пустињето“ зад себе?

„Моет? З’ш да не моет, баш е секси“ – што би рекле охриѓани каде Лила потоа замина да се доолабави, во хотелот на својата матична  ТВ куќа и фирма!