Со максимален ефект по воведните две кола утре во дуелот од 3. коло на групата Б ќе влезата Македонија и Хрватска. Во пресрет на истиот, актуелниот играч на македонскиот првак Вардар и репрезентативец на Хрватска, Иван Карачиќ го даде своето очекување.
„Ќе биде интересен меч, спремни сме како ние, така и тие. Ќе одлучува кој помалку се потршил и кој ќе има повеќе сила. Ние денес добро ротиравме и заштедивме енергија. Имаме рецепт за Македонија, но ќе ни треба да дадеме 150 посто, особено во одбрана. Хрватска има поголем ростер во однос на Македонија која овде дојде без неколку важни играчи. Но повторно ќе кажам ако не дадеме 150 посто и не одиграме добра одбрана, со добри голмани, сето тоа може да пропадне во вода“ изјави Карачиќ.
Мечот Хрватска – Македонија се игра утре во „Олимпија Хале“ со почеток од 18:00 часот.