Лекарите збунети – 19 годишна девојка во Скопје, позитивна на вирусот со нетипичен гинеколошки проблем

651

Дека овој вирус е непредвидлив, тоа го докажа во изминативе четири месеци. Лекарите беа обвинувани за грешки и пропусти, а тие цело време укажуваа на фактот дека ова е нов вирус, со кој и самите тие за првпат се соочуваат.

Инфектолозите предупредуваа дека корона вирусот особено неповолни влијае на белите дробови. Тој исто така, знае да предизвика и згрутчување на кр вта, таканаречен тромб кој доколку затвори артерија во срцето или мозокот, последиците се фатални.

Рендгенолози од повеќе држави предупредуваат дека дури и асимптоматски случаи, кои не развиле никакви симптоми на вирусот, но го прележале, при снимка на бели дробови се гледаат огромни оштетувања. Се разбира не кај сите пациенти, но кај некои да.

Болка и отечен стомак полн со огромна количина на течност, со дополнителни зголемени вредности на туморски маркери привично покажало дека станува збор за малигно заболување кај 19 годишна девојка која била примена на клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, пренесува денес Канал 5 телевизија.

Пациентката имала зголемена температура и и бил направен тест за корона вирус. Тестот покажал дека девојката е позитивна. Од гинекологија таа била пратена на инфективната клиника на лекување.

По оздравувањето и добивањето на два негативни теста се вратила повторно на гинекологија.

Според гинеколозите ова е потврда дека освен што вирусот ги оштетува белите дробови, црниот дроб и бубрезите мета може да бидат како во овој случај и матката и јајниците.

Од понеделник на клиниката за гинекологија сите пациентки ќе се тестираат со брз тест што за 45 минути треба да покаже дали пациентката е позитивна или негативна.

Од оваа клиника вкупно пет вработени беа ковид позитивни од понеделник се враќаат четворица, а еден се уште е на лекување, пренесува канал 5 телевизија.