Целосен мораториум на крајбрежјето во Охрид – погубна одлука за туризмот

900

Хаосот со урбанистичките планови ја кочи изградбата на нови сместувачки капацитети кои на Охрид му се и повеќе од потребни.

Дополнителен товар е барањето од Унеско за прогласување целосен мораториум на крајбрежјето што ако се постигне многу лошо ќе влијае врз туристичката дејност и воопшто врз економијата велат од ХОТАМ.

„Ние сме против стопирање на градбата, сакаме да се донесе ДУП, да ги сопреме дивоградбите. Не треба 100 отсто да се стопре градбата“ – изјави Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ

Мора да се донесе нов детален урбанистички планови кој ќе ја балансира спрегата инвеститори- екологисти,за интерес на градот.Градоначалникот ветува трајно решавање на урбанистичките главоболки кои постојат со децении.

„Аплициравме за изработка на Урбанистички план на крајбрежјето, поделен на 2 опфата, првиот од реката Далјан до Подмоље, вториот од Свети Стефан до Метропол“ – рече Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид

За проблемите запознаен и министерот за економија Бектеши кој вели стои на располагање за се што во иднина ќе му донесе успех на туризмот.

„Почнавме да го ревидираме Законот, да биде фер за сите хотелиери“ – вели Крешник Бектеши, министер за економија

Инаку хотелиерите се презадоволни од стартот на оваа туристичка сезона и од одзивот на гости во двата центри Охрид и Струга.Кулминација очекуваат во август, а најавуваат гости и до крајот на октомври.