15 работи кои ќе ви ги кажат само жени и девојки кои обожаваат да изневеруваат

622

Според едно неодамнешно истражување тие се високообразовани, обично на возраст помеѓу 20 и 35 години и работат во канцеларија…

Оваа студија поттикнала уште едно истражување за да се добијат повеќе податоци околу тоа зошто жените изневеруваат.

Останатите карактеристики на жените склони кон прељуба се: интелегенција, смисла за хумор, кокетираат и флертуваат и се сметаат за искрени. Барем така покажува истражувањето.

Но, најверојатно секој од нас познава најмалку една ваква жена и таа не е прељубница, ништо не се зема здраво за готово.

Ова истражување поттикнало уште едно истражување – кои се причините поради кои жените кои се во сериозна врска или брак, изневеруваат. На веб-страната thestir.cafemom.com се објавени неколку од најчестите причини за изневерување кај жените. Еве кои се тие:

1. Тој мене прв ме изневери.
2. Многу се здебели. Јас уште го сакам, но помеѓу нас нема повеќе сексуална привлечност.
3. Мажот со кого го изневерив ме третираше како што сопругот веќе со години не ме третира.
4. Сакав авантура
5. Се чувствував заробена во брак во кој не сакав да бидам.
6. Моите сексуални фантазии му беа чудни, па ги остварив со друг.
7. Ми беше досадно до полудување!
8. Немавме секс повеќе од година дена.
9. По сите тие години кои ги поминавме заедно повеќе бевме пријатели отколку љубовници.
10. Ми звучеше забавно и возбудливо.
11. Мојот сопруг правеше да се чувствувам непосакувана, па сакав повторо некој да ме гледа како секси и атрактивна.
12. Никогаш не иницираше секс и повеќе го интересираа видео игрите.
13. Искрено, ми требаше само причина да му ставам крај на бракот.
14. Сакав да го направам љубоморен.
15. Повеќе не му бев секси и привлечна.