Под мотото „Можеме – уште повеќе и уште подобро!“ коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ го промовираше предизборното видео во кое се осврнуваат на проблемите на младите во земјава за чие решавање ќе се залагаат во идниот мандат.
-Како мајка, како родител ќе придонесам сите млади да имаат причина да живеат и работат дома. Затоа воведовме грантови за отворање нови работни места и младинската невработеност ја намаливме за 13%, а со реформите во образованието силно ги врзуваме за економијата. Вашата среќа значи успешна држава. – порачува носителката на листа во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.
-Имаме капацитет и програма да ги задржиме младите тука, во нашата земја. – порача носителот на листата со Изборна единица 3 Љупчо Николовски.
-Воведовме грантови за вработување на младите и мора да изградиме систем во кој младите ќе имаат услови да живеат и работат, да бидат вклучени во македонската економија. – дециден е Николовски.
-За повеќе од 13% ја намаливме младинската невработеност. Градиме држава која нуди перспективна иднина за младите. #Можеме уште повеќе, уште подобро! – вели Мила Царовска















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















