Заев: Не дај боже, референдумот да биде негативен

758

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека за организирање на референдумот ќе се консултира со коалициските партнери, но и со опозицијата.

„За вакво исклучително важно прашање, како референдумското треба да се усогласени и власта и опозицијата и коалициските партнери со кои ќе се разговара, дали референдумот треба да биде консултативен или обврзувачки“, рече Заев.

Тој верува дека референдумот ќе биде успешен.

„Не дај Боже да не успее“, вели Заев.