Позната пејачка која не го открива сопствениот идентитет, затоа што, „стравува за сопствениот живот и кариера“ во текот на минатата недела поднесе тужба до судот во Лос Анџелес против поранешното момче на Ријана, Крис Браун (32).
Таа вели дека се запознала со Крис на забава кај Шон Диди во неговиот дом на Стар Ајланд. Сепак, инцидентот се случил на јахта што била во непосредна близина на домот на Диди. Раскажува како додека биле на јахтата раперот ѝ дал пијалак, а откако го испила почнала да ја губи свеста. Таа наводно била дезориентирана, физички нестабилна и почнала повремено да заспива и да се буди.
Се обидувала да му каже да престане, но Браун наводно ги игнорирал нејзините молби, а следниот ден тој ѝ се извинил и ѝ рекол дека бил изгубен и не се сеќавал дали ејакулирал во неа.
Веднаш побарал од неа да земе таблета за контрацепција за „ден потоа“, а таа самата веднаш направила тестови за полово преносливи болести.
„Крис Браун тврдеше дека таа никогаш нема да успее како музичар освен ако не прифати да го направи тоа што треба, односно таа морала да има секс со него за да напредува во кариерата“ – се вели во тужбата.
Раперот на Инстаграм ги отфрли обвинувањата и рече дека повторно некој се обидува да му го наруши угледот ширејќи лаги.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















