За Еди Рама Лешница на Шар Планина е „прекрасна Албанија“

1279

Премиерот на Албанија, Еди Рама објави фотографија од прекрасниот регион Лешница на Шар Планина. Под фотографијата тој напиша: „Прекрасна Албанија!“. Ова предизвика реакции на македонските граѓани по совцијалните мрежи.

Рама во описот на фотографијата од водопадите на шарпланинската Кривошијска река во лешничкиот регион напиша: „Прекрасна Албанија. Кањонот на Лешница“.

Овој дел од Македонија е во пограничниот регион со Косово, не со Албанија.

Граѓаните реагираат, а се чека на реакција на претставници на македонската Влада.

И во Албанија постои место со истото име, но фотографијата е од македонскиот кањон.

Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, односно во градниот кош на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка. Оваа мала долина се протега на простор од околу 1.000 хектари и е распространета помеѓу клисурите на: Пена, Лешничка Река, Кривошијска Река и Скакалска Река.