Водителката од утринската на Сител на плажа со ќерката – Елена воодушеви со изгледот (ФОТО)

3210

Водителката Елена Стојановска која важи за едно од најубавите наши ТВ лица, ужива во семејниот одмор. Елена објави емотивна фотографија на која е во прегратките на својата седумгодишна ќерка Ина.

Таа на Инстаграм ретко објавува семејни фотографии. Минатиот месец, таа сподели слика со сопругот Огнен, честитајќу му го роденденот.

„ Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, изјави Елена за Женски магазин за тоа како ја негува линијата и младешкиот изглед.

„Љубов моја најголема. Денес е твој ден. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе, среќен 7. роденден. Секој ден те сакам сѐ повеќе“, напиша Елена минатата година за роденденот на ќерката.

Извор: Женски магазин