Три лекции на кои ве учи животот кога ќе останете сами

87

Ништо не се случува случајно

Работите кои изгледаат дека случајно се случуваат постојат за да сфатите дека колку и да го планирате животот, секогаш ќе постои простор кој не можете да го испланирате, затоа што не можете докрај да ги разберете сите причини и последици кои вам ви се случуваат. Тука се за да сфатите дека не постои еден готов шаблон и рецепт по кој можете и морате да живеете, затоа што секој поединец во овој свет е нешто неповторливо во околностите во кои се појавува.

Никому не должите објаснувања и оправдувања за вашиот живот

Никому не должите објаснувања зошто сакате да се развивате како личност, зошто сакате почит и зошто им обрнувате внимание на вашите приоритети, зошто ви е важно какви луѓе имате во ваша близина, итн. Тоа се ваши одлуки и само вие имате право да одлучувате за нив, како и за тоа со кого ќе ги споделите овие работи. Тоа значи дека сте внимателни затоа што не сакате да им дозволите на другите да ги газат работите кои ви се важни. Сте сфатиле како функционира животот и едноставно сега ги правите работите на свој начин.

Не го трошите животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа

Не го трошите животот на луѓе кои ви покажале дека вашите заеднички денови се повеќе лекција отколку збир на убави спомени. Не го трошите животот на оние кои од вас бараат да се откажете од вашите уверувања за да се прилагодите на нивните. Не го трошите животот, ни зборовите, ниту знаците внимание на оние кои ве ставиле на дното на листата на приоритети, додека вие сте ги ставиле на врвот на своите приоритети. Тие денови нема добро да завршат. Зошто да жалите за потрошеното време?

loading...