Вреди да се прочита: Овој старец ги дал најмудрите совети за сите луѓе кои сакаат да живеат среќно во животот

219

Постојано трчаме по пари, често заборавајќи на нашите најмили, на луѓето од нашето опкружување кои ни значат.
На прашањето што им е заедничко на сите луѓе на овој свет, овој старец вели:

“Тоа што детството им е досадно, брзаат за да пораснат, а потоа сакаат повторно да бидат деца.

Тоа што го трошат здравјето за да заработат пари, а потоа ги трошат заработените пари за да си го вратат здравјето.

Тоа што живеат како да никогаш нема да умрат, а потоа умираат како да никогаш и не живееле.“

Потоа тој им дава многу важна порака на младите луѓе.
“Да научат дека никого не можат да го присилат да ги сака.

Дека не е највредно она што го поседуваат, туку какви личности станале во својот живот.

Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
Дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кого најмалку му е потребно.

Да научат дека се доволни само неколку секунди за длабоко да повредите некого кого го сакате, а потоа се потребни години за оваа повреда да зарасне.

Да сфатат дека постојат луѓе кои ги сакаат, но не знаат тоа да го кажат ниту да го покажат.

Да научат дека со парите може да се купи многу но не и среќа.

Дека две лица може да го гледаат истото нешто, а да го гледаат сосема различно.

Да научат дека вистински пријател е оној кој ги знае вашите мани, а сепак ве сака“, рекол старецот.

Дали после овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали грешиме некаде? Дали ќе ја “кренеме рачната кочница“, и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Одлуката е наша…