Водач на бразилска нарко банда се обиде да побегне од затвор маскиран како ќерка му: Еве како го забележаа стражарите

105

Клаувино да Силва, наречеј Шорти, водач на една бразилска банда, одлучил да побегне од затвор на несекојдневен начин, но секако, тоа не му успеа.

Шорти се маскирал во својата 19-годишна ќерка, па облекол тесни фармерки и розева маичка со крофнички, а ставил и долга, црна перика и силиконска женска маска на глава.

Требало наместо својата ќерка да излезе од затворот Герисина, кој се наоѓа во западниот дел од Рио де Женеиро, додека тинејџерката би останала внатре. Меѓутоа, ваквиот обид за бегство не му успеа.

Стражарите рекоа дека го издало тоа што бил нервозен додека се обидувал да излезе надвор. Полицијата истражува дали ќерката на Клаувино учествувала во заверата за бегство.

Затворските власти објавија фотографии од маскираниот Клаувино, како и снимка на која се гледа како ја соблекува маската и облеката и го изговара своето полно име.

Клаувино да Силва беше еден од лидерите на Црвената команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во поголемиот дел од Рио.

По неуспешното бегство, Клаувино е преместен во затворската единица со максимално обезбедување и сигурно го чека и друга казна.

loading...