Коронавирус, вакцини и патување: Потег на Грција кој најавува како би се патувало налето кај нив

83

Иако најновите изјави на грчките власти не ги охрабруваат туристите кои што сакаат да го поминат летото на некоја нивна дестинација, разговорите за условите за патување сè уште се во тек и моментално властите од две земји работат на нивното усогласување.

Оптимизмот донекаде придонесува во најавата дека грчките хотелиери би можеле на своите гости да им плаќаат половина или пак полна цена за ПЦР тест, доколку тој биде задолжителен услов за влез во Грција.

Во врска со вакцините како услов за патување во Грција

Имено, веќе некое време се шпекулира дека некои од земјите од туристите ќе бараат да бидат вакцинирани само со одредена вакцина за коронавирусот (пример, кинеската, руската…), па така се шпекулира дека земјите членки на ЕУ би можеле да забранат влез на својата територија на луѓето кои што се вакцинирани со руската или пак кинеската вакцина.

Сепак, најновите информации наведуваат заклучок дека Грција нема да поставува такви услови.

„Пред неколку денови министерот за туризам на Грција разговараше со својот кинески колега, со идеја кинеските туристи повторно да се вратат во Грција годинава. Тоа е голем број луѓе, а овој податок може да ни даде до знаење дека Грците нема да инсистираат на некој посебен вид вакцина затоа што во меѓувреме постигнаа договор со Русите“, изјавил Алексадар Сеничиќ директор на Националната асоцијација за туристички агенции во Србија.

Тој исто така додал дека овие денови започнува масовната вакцинација во Грција, што е дополнителен плус за што поскоро започнување на летната сезона.

„Разговорите со Грците се во тек, разменуваме мејлови и моментално се работи на усогласување на протоколите и условите за влез на граѓаните. Се усогласува и сертификат за вакцинација, а се бара и алтернатива, односно услови за патување за оние кои што нема да бидат вакцинирани“, вели Сеничиќ.