Во Њујорк убиен мафијашки бос од фамилијата Гамбино

952

Бос од мафијашката фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како „Френки бој“, беше убиен пред неговата куќа на Стетен ајленд, соопшти њујоршката полиција.

Во 53-годишниот Кали биле испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со автомобил го прегазил мафијашот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Фамилијата Гамбино е една од петте главни италијанско-американски мафијашки семејства во Њујорк.

Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата е во тек.