Како едно девојче поттикна илјадници ученици од 800 градови на климатска акција?

0
60
Swedish young activist, 15-year-old Greta Thunberg, right, speaks to climate activists during the March for Climate in a protest against global warming in Katowice, Poland, Saturday, Dec. 8, 2018, as the COP24 UN Climate Change Conference takes place in the city. (AP Photo/Alik Keplicz)

На 15ти март, ќе се одржат протести на средношколци ширум светот, со барање за сериозна акција во областа на борбата против климатските промени. Со цел зачувување на нашата планета за идните генерации, ќе се обединат повеќе од 75 држави. Учесниците ја нарекоа својата акција Global Climate Strike For Future. На овој потфат ги инспирираше 16 годишната Грета Тунберг. Својата акција таа ја започна во август минатата година пред шведскиот парламент, со едноставен натпис на парче дрво. Загриженоста околу глобалното затоплување ја поттикнува на акција. Од ден во ден, таа добивала поддршка од своите врсници. Денес, тоа е цела армија, здружена под слоганот – „Веќе 40 години политичарите неуспешно се борат против уништувањето на климата. Крајно време да ја намалиме штетата е – сега!“

„Секој ден користиме по 100 милиони барели нафта. Не постои политика која ова би го сменила!Ниту едно правило не ја задржува нафтата под земја, “ предупредуваат учениците. Повеќе информации за глобалното движење на  http://globalclimatestrikeforfutur.wesign.it/en.

greta1

greta2

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here