Во несреќата во Драчево загинал поранешен полицаец и целото негово семејство

8645

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која вчеравечер се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје.

Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче, а во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.

Се смета дека возилото се движело со преголема брзина и од непознати причини возачот ја изгубил контролата. До несреќата дошло вчеравечер по полноќ , а на самото место до раните утрински часови траел увидот.

Несреќата се случила кога патничкото возило „Рено 5“ удрило во камион за собирање на смет.

Од МВР подетални инфромации за несреќата најавуваат за денеска.

Фотографиите се преземени од Press24.mk