Баснословна сума бара Јунајтед, ако Реал прифати – Погба ќе биде најскап во историјата

189

Реал Мадрид, наводно, ги почнал преговорите со Манчестер Јунајтед за францускиот репрезентативец Пол Погба, но веќе на стартот се соочил со проблеми.

Причина за тоа е високата сума што ја побарал премиерлигашот како отштета. Англиските медиуми тврдат дека станува збор за 170 милиони евра што веројатно е премногу за променлив играч каков што е Погба. Реал бил подготвен да го вклучи и Герет Бејл во зделката, но од Јунајтед категорично одбиле.

Ако, сепак, некако Реал прифати да плати толку пари, Погба ќе го помине токму Бејл и ќе стане најскап играч во историјата на клубот.

loading...