Сите батерии имаат ограничен рок на траење, па така и батериите во паметните телефони. Сепак, постојат начини за да го извлечете максимумот од нив.
За да го извлечете максимумот од батеријата на вашиот телефон и да избегнете предвремено менување на батеријата и дополнителни трошоци, избегнувајте да ги правите овие работи додека се полни телефонот.
Други полначи – Најпрвин, избегнувајте да користите други полначи освен оригиналниот кој што сте го добиле во оригиналното пакување. Доколку често користите други полначи, голема е веројатноста да го намалите животниот век на батеријата и капацитетот – тоа посебно се случува кога се користат евтините полначи.

Заштитна маска – Кога се полни вашиот телефон, отстранете ја заштитната маска. Маските најчесто го блокираат одводот на топлина, поради што додека се полни, телефонот непотребно започнува да се загрева. А, топлината е бавна смрт за батериите.
Не преку ноќ – Нема никаква поента да го оставите вашиот телефон на полнач во текот на целата ноќ. Константното полнење (и кратко празнење, па полнење) го намалува капацитетот и животниот век на батеријата.

Полнење и празнење – Животниот век на батеријата е ограничен, меѓу другото и со циклусите на полнењето и празнењето. Секогаш кога до крај ќе ја испразните и наполните батеријата, сте потрошиле еден циклус. Поради тоа, настојувајте да ја полните батеријата барем до 80% или 90% и не настојувајте батеријата да се празни често под 10% до 20%.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











