Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков синоќа беше спроведен во затворот во Шуто Оризари откако протекле информации дека и тој има во план да ја напушти државата.
Имено, на Мијалков му беа одредени 30 дена притвор како мерка претпазливост за случајот “Таргет-Тврдина”. Откако поранешниот премиер Никола Груевски се огласи дека е во Унгарија, каде веќе му бил одобрен политичкиот азил, синоќа протекоа информации дека и Мијалков се подготвувал да си замине од државата па поради тоа бил уапсен и префрлен во затворот во Шутка.
Фокус пишува дека Мијалков не ги имал истите привилегии како Камчев, односно тој бил сместен во обичните соби, кои се големи 24 м2 и во нив се сместуваат двајца, а поретко тројца притвореници, што е сосема пристојно ако се знае дека во останатите ќелии, кои се со помала квадратура се сместуваат и повеќе лица. Камчев е сместен во Хашка соба, најлуксузната во затворот.
Секако, тука е и Твитер екипата која после заминувањето на Груевски во Унгарија буквално експлодираше, а после синоќешниот настан и Мијалков стана нивна мета на исмевање, па погледнете што имаа да кажат.



























![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















