Припадниците на племето на островот Северен Сентинел, убиле американски турист кој успеал да дојде до островот и покрај забраната.
27-годишниот Џон Чау му платил на локален рибар да го однесе до островот во индискиот океан, на кој е забранет пристап бидејќи припадниците на локалното племе се многу агрeсивни, а властите се обидуваат да ги заштитат.
Како што соопштила полицијата, кога Чау стапнал на островот, го обиколиле жителите на островот и го убиле. Според друг извор, кога стапнал на брегот, кон него почнал да “врне дожд од стрели”, а нешто подоцна го окружиле домородците и го задавиле.
Рибарите ден подоцна го пронашле неговото тело и гo пријавиле случајот.
Островот е под заштита за локалната популација домородци, за кои се претпоставува дека ги има околу 150, да биде заштитена од модерни болести.
Ова не е прв случај на напад на овие домородци на странци. Во 2006-та година двајца рибари закотвиле брод во близина на островот за да преспијат. Веднаш биле убиени.


















![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















