Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и премиер и министер за финансии

821

Премиерот Зоран Заев, на почетокот на денешната седница во Собранието, објави дека го повлекува предлогот тој да биде назначен и за министер за финансии.

Тој рече дека Уставот и Законот за Влада, дозволуваат на премиерот да биде и министер, но сепак, покрај дилемите кои се отворија, тој го повлекува тој предлог.

– Но, дефинитивно по тоа што го истакна опозицијата и Антикорупциската комисија, дадов налог на кабинетот да пушти текст за повлекување на предлогот за мое назначување за министер на таа функција – рече Заев.

Тој сепак, не го повлече предлогот да биде разрешен досегашниот министер, Драган Тевдовски. Заев нема да биде министер, но привремено ќе раководи со тој ресор.

– Согласно овластувањата ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер – рече премиерот.