Во Јакутија гладен гавран запре камион (ВИДЕО)

138
Гладниот гарван го натера возачот на камионот да запре и да му даде малку храна.

Неодамна возачите на камиони во Јакутија, најстудениот руски регион, се соочија со необична „пљачка“ во организација на една птица.

Во ретровизорот здогледаа гарван, кој потоа го претекна возилото и постепено забавуваше, присилувајќи го возачот да кочи, а потоа и да запре.

Сфаќајќи дека нивниот „напаѓач“ не се откажува, на „жртвите“ на нападот не им преостануваше ништо друго освен да се разделат со неколку парчиња леб и да ја наранат храбрата птица и конечно да побегнат.