Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број пациенти со потешка клиничка слика, а капацитетите на болниците се целосно исполнети, пишува српски „Блиц“.
„Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците во областа Пчиња се полни. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болеста се јавува кај сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број заразени деца од предучилишната и училишната возраст“, изјави д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог во Здравствениот дом во Врање, за „Блиц“.
Тој вели дека влошената епидемиолошка состојба е резултат на непочитување на мерките, но и поради големиот број Македонци кои доаѓале на шопинг во Врање.

















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















