Во понеделник можно заострување на здравствените мерки

373

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прејудицира дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки по зголемувањето на бројот на новодијагностицирани од Ковид-19. Во изјава за медиумите истакна дека ќе ги следат препораките на Комисијата за заразни болести.

– За евентуално други рестриктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот, а во понеделеник во 9 часот стандардно има состанок  Главниот координативен штаб на Владата каде присуствува и министерот за здравство. Ние ќе ги следиме нивните препораки, изјави Заев по посетата на новата реконструирана градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош.

Имаме еден нов пик, рече Заев, но да видиме што ќе кажат бројките овие денови и конечно кој ќе биде предлогот на Комисијата за заразни болести.