Здрав десерт што многу лесно се приготвува
Ако вие сте дел од оние луѓе кои мислат дека оброкот не е целосен без десерт, го пронајдовме рецептот за десерт во чаша што ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
- 400 милилитри јогурт
- 4 лажички чиа семки
- 1 лажичка мед
- 3 лажички ориз
За преливот
- 150 грама замрзнато шумско овошје (може и калинка или малина)
- 1 лажичка мед
Приготвување:
- Во сад, измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат една вечер во фрижидер.
- За преливот од шумско овошје: ставете го шумското овошје во сад и додајте лажичка мед, па внимателно загревајте додека не зоврие. Загревајте додека не добиете прелив со посакуваната густина, а потоа оставете ја смесата да се излади.
- Во чаша ставете 2-3 лажички чија пудинг.
- Потоа, додајте 1 лажичка прелив и продолжете да додавате додека не ја наполните чашата.
- Добар апетит!