ВИДЕО: Убавицата на скии со спектакуларна најава за враќање на патеките

0
21

Американската скијачка Линдзи Вон (34), ќе се натпреварува на Светскиот куп кој ќе се одржува кон крајот на оваа недела во Сент Антон.

Вон своето враќање на снежните патеки го најави по пат на споделено видео на Инстаграм, како најава за борба и остварување на рекорден број победи во Светскиот куп.

Таа досега има 82 победи, а рекордер во оваа категорија е шведскиот скијач Ингемар Стенкмарк кој има 86 победи.

Се уште ништо не е готово. Зад мене се тешки 6 недели, но сега повторно сум на скии и се радувам со новиот почеток. Се гледаме овој викенд во Сент Антон“, напиша сексапилната Вон на својот Инстаграм профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here