Таен сојуз: Мистеријата за Ѓаволскиот мост преку кој никој не смее да помине

0
96

Rakotzbrücke се наоѓа во германскиот парк, кој поради својата убавина и растителни видови е заштитен и од Унеско.

Rakotzbrücke или Ѓаволскиот мост на исток од Германија е изграден со цел да се рефлектира во водата и да се гледа цел груг. Името му го должи на суеверието од минатото, бидејќи за мостовите кои делуваат како да ѝ пркосат на гравитацијта, се верувало дека можат да ги изградат само ѓаволи.

Според народните приказни, таквите мостови биле создадени како сојуз со натприродни суштества, кои за возврат би ја барале душата или детето на оној кој ќе се одлучи на изградба.

Rakotzbrücke е изграден од камења кои потекнуваат од далечните каменоломи, па интересен податок е тоа што не се користени локални материјали.

Мостот во Кромла е омилен мотив на сите фотографи кои го посетуваат паркот, но одењето по него е забрането, со цел да остане зачуван. Освен самиот мост, вреди да се посети и останатиот дел од паркот. Поради прекрасната природа и бројните растителни видови, а заштитен е и од Унеско.

Оние кои го виделе мостот, велат дека најубаво е да го посетите наесен, кога поради комбинација со шарените лисја и маглата која се издигнува над водата, делува надреално. Набљудувањето на мостот е дозволено, но одењето преку него е забрането, а исто така од минатата година тој е во фаза на реконструкција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here