Откриена е тајната на мистериозната болест на дипломатите? Употребено било “опасно оружје” – штурци!

0
87

Мистериозното заболување на американските дипломати на Куба предизвика бран на шпекулации и обвинувања дека дипломатите во амбасадата се нападнати со некое ново, сонично оружје.

Бројот на дипломати и вработени во американската амбасада во главниот град на Куба, Хавана, бешше преполовен, затоа што многумина се пожалија на главоболки и мачнина откако слушнале „продорни звуци“ во домовите и хотелите каде што престојувале.

Иако многумина сметаа дека американските дипломати се нападнати со некакво ново сонично оружје, сепак, анализата на снимка објавена од “Associated Press”, според британските и американските научници открива нешто сосема ново. Имено, според научниците, извор на звукот е индиски штурец.

„На снимката дефинитивно се слушаат штурци“, изјави професорот по сензорна биологија на Универзитетот Линколн, Фернандо Монтеалегре-Запата.

„Звукот на тој карипски вид е на околу 7 KHz и се одвива со невообичаена брзина, поради што луѓето чувствуваат остар звук. Не сум изненаден од тоа што таквиот звук би можел да ги вознемири луѓето кои што не се навикнати на таквите звуци на инсектите“, изјави професорот Монтеалегре-Запата.

Идентификувањето на звукот не значи дека не се случил напад, но веќе станува јасно дека токму одреден звук бил одговорен за здравствените проблеми на американските дипломати. Причината и самата природа на болеста и натаму остануваат непознати.

Во новата студија, Монтеалегре-Запата и Александер Стубс ги пребарале научните бази на податоци со цел да го пронајдат инсектот „одговорен“ за снимените мистериозни звуци. Звукот на тој вид на штурец бил неверојатно сличен, но сепак факт е дека целосно не може да се вклопи и поради квалитетот на снимениот звук.

Научниците утврдиле дека снимениот звук во Хавана имал нееднаква структура на пулс каква што не е забележана кај звукот кој го испушта штурецот. Сепак, доколку снимката е направена во затворен простор, според научниците, тоа би можело да ја објасни нееднаквата структура поради одбивањето на звуците од ѕидовите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here