(ВИДЕО) „Стручњаците“ го обвинуваат Меси, а оваа ситуација покажува зошто Аргентина загуби

268

Аргентина синоќа беше поразена во првиот меч од годинешното издание на Копа Америка со 2:0.

Колумбија беше неколку класи подобар противник во првото полувреме, кога можеше да даде барем три гола, но тоа не се случи, а во вториот дел Аргентина беше таа која заигра далеку подобро од својот противник и беше поконкретен ривал, создавајќи неколку сериозни шанси за погодок, но Оспина доминираше на голот.

Сепак, Колумбијците добија награда за сето она што го направија во првиот дел, па со головите на Мартинез во 71 и Запата во 86 минута дојдоа до трите бода.

Колумбијците во текот на целиот меч, а особено во првото полувреме, во својот фокус го имаа Лионел Меси кого маестрално го затвараа, а колку сериозно ја сфатија својата задача сведочи и ситуацијата од 60. минута кога дури тројца играчи тргнаа во ист момент да го запрат Меси.

Аргентинецот во неколку наврати се обидуваше да реши се сам, додека неговите соиграчи беа немоќно и само му ја додаваа топката, очекувајќи сам да го победи противникот, нешто што го спомена и селекторот Скалони, истакнувајќи дека е незадоволен од пристапот на останатите играчи.