Чернобил и ЦИА: Русија прави своја серија за учеството на американски агенти во експлозијата

1361

Руската државна телевизија работи на своја верзија на серијата Чернобил најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

Драмата на НТВ ќе отстапува од истоимената серија на HBO и историски факти – тврдејќи дека ЦИА била вмешана во несреќата.

Режисерот Алексеј Мурадов тврди дека ќе биде прикажано „она што навистина се случило тогаш” .
Мини-серијата на HBO, која заврши оваа недела, доби највисоки оценки во историјата на ТВ-серии на веб-страницата на ИМДБ, како и 9,1 рејтинг на сличен руски сајт Киноипоиск.
Сепак, во интервју за Комсомолскаја Правда, најчитаниот руски таблоид, Мурадов рече дека верзијата прикажана во серијата „нуди алтернативен поглед на трагедијата во Припјат”.

„Постои теорија дека Американците се инфилтрирале во нуклеарната централа”, изјави тој за новинарите.

„Многу историчари не ја отфрлаат таа можност дека на денот на експлозијата таму работеле агенти на непријателски тајни служби”.

Списанието „Холивуд рипорт” објави дека руското Министерство за култура одвоило околу 463.000 долари за оваа серија.

Реакторот број четири во Чернобилската централа експлодира на 26 април 1986 година.
Во Русија, имаше многу пофалби за автентичноста на серијата Чернобил.
Весникот „Известија” го прогласи за „пореална” претстава на советската ера, отколку што се среќава во повеќето руски филмови. Исто така, истакнува дека серијата зборува за хероизмот на обичните луѓе.

Но, имаше и критики. Еден колумнист ја прогласи серија за план за поткопување на руската агенција за атомска енергија Росатом.
Другите ја нарекоа американска „пропаганда”, која ја урива имиџ на СССР и го преувеличува отсуството на советски одговор.

Нема сомнение дека за таа серија многу се разговара.Оние кои се сеќаваат на катастрофите делат свои приказни на социјалните медиуми, додека помладите Руси најмногу ги слушаа за првпат.

Корисник на Твитер од Русија се заблагодари за серијата како „враќање во нашата историја”.

На крајот, како што заклучува еден коментатор, главната причина за бројните реакции е веројатно чувството на срам дека првата серијаз а Чернобил ја направија Американците, а не самите Руси.

Руската државна телевизија и таблоидите беа крајно негативни за серијата.
„Ако англосаксоните прават филмови за Русите, тие дефинитивно нема да бидат вистинити”, изјави колумнистот Анатолиј Васерман за веб-страницата на Телепрограм.
Тоа е „затоа што не нè сакаат” и „не не разбираат”.

Комсомолскаја Правда објави неколку негативни статии за серијата. Во еден од нив се тврди дека е теорија на заговор и дека серијата Чернобил е финансирана од конкурентите на Росатом.

Но, филмските критичари во независните медиуми го пофалија сценаристот Крег Меиин, кој внимателно размислувал за многу детали.
„На пример, во една сцена во рамката гледате автомобил со вистински регистарски ознаки од Киев. Но, кој ќе го забележи тоа во Америка и Англија “, пишува Медуза Слава Маламуд, новинар кој живее во Америка и израснал во Молдавија за време на советската ера.

Некои Руси веруваат дека гледањето на реалноста понудена од медиумите под контрола на Кремљ личи на лага што СССР некогаш им ја сервираше на граѓаните.
Токму затоа една од најопасните работи би можела да биде клучното прашање од серијата Чернобил – што е цената на лагата?