(ВИДЕО) Роналдо по спектакуларната победа имаше порака за сите навивачи на Реал

820

Португалецот Кристијано Роналдо блескаше во синоќешниот меч против Атлетико Мадрид.

Иако по 2:0 во првиот меч малку кој веруваше дека „Старата дама“ може да мине понатаму, на крилата на фантастичниот Кристијано Роналдо на крајот ја надоместија негативата и се пласираа во четвртфиналето од ЛШ.

По натпреварот Роналдо, очекувано, блескаше од среќа. Не само што му помогна на Јуве, туку и го сруши градскиот ривал на Реал, клубот во кој играше претходните девет години.

„Им испраќам прегратки на сите кои го имаат Реал во срцето“, порача насмеаниот Роналдо откако се прегрна со новинарот на „Ел Чирингито“, телевизиското шоу посветено на Реал.

Навивачите на Реал и денеска го обожаваат Роналдо, а по синоќешната партија, нема сомнежи дека уште повеќе ќе биде славен и обожаван и во Торино.