“Жежок” секс на плажа во Зрче, луѓето им аплаудирале, а тоа само ги поттикнало да продолжат понатаму

208

Минатото лето млад пар на хрватската плажа Зрче биле уловени како имаат “жешка акција” на сред бел ден, а ништо не можело да ги сопре во сексуалниот однос. Иако имало многу луѓе, тие двајца одлучиле да си ја завршат работата и да не обрнуваат внимание на луѓето.

“Плажата беше преполна со луѓе. Одеднаш сите станаа и започнаа да ги вадат мобилните телефони и апарати. Момчето и девојката на жолт душек во вид на патка од околу две метри, на 50 метри оддалечени од крајбрежјето, водеа љубов. Луѓето ги бодреа и им аплаудираа, а тоа дополнително ги поттикна”, вели еден од очевидците.

Додава дека тоа траело најмалку половина час. Бидејќи завршиле, тие потоа скокнале во морето за да се освежат. Поради силниот ветер, душекот им заминал, а на крајот не им преостанало ништо друго освен да излезат голи од морето. Девојката на себе единствено го имала горниот дел од костимот за капење.