(ВИДЕО) Огромна дупка „проголта“ автобус и пешаци во Кина – шестмина загинати

52

Огромна дуппа „проголта“ автобус и пешаци во Кина, при што предизвика експлозија во која загинаа шест лица, а 10 се водат како исчезнати.

На интернет се појавија снимки од неверојатниот настан, на кои може да се види како одеднаш се отвора огромна дупка среде улица во Кина, во која пропаѓа автобусот, како и неколкумина пешаци, меѓу кои има и дете.

Инцидентот се случил синоќа пред болницата во Џининг, главниот град на провинцијата Кингхаи. Шеснаесет лица се пренесени во болница поради повреди.

На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат, бидејќи пред нив одеднаш се отворила огромна дупка на улицата, во која пропаднал половина автобус. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот.

Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица имало во автобусот.

Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиицте и патиштата во оваа земја настануваат заради честите и неадекватни градежни работи.

Во 2016 година, најмалку три лица паднале во огромна дупка во централната провинција Хенан, која проголтала дел од патот и минувачите. Првичната истрага покажа дека пропаѓањето може да биде предизвикано од цевките за вода закопани под патот коишто се распаднале како резултат на дожд.