15 професии за кои никој не знаеше во 2010, а ќе бидат најбарани во 2020

112

LinkedIn го објави годишниот извештај за топ 15 најбрзорастечки работни места во 2020 година

На листата за најбрзорастечки работни места за 2020 година се најдоа голем број работни места кои значително се зголемија во последните пет години, а LinkedIn предвидува дека побарувачката за нив ќе продолжи да расте и во новата година.

Така на пример, побарувачката за специјалисти за вештачка интелигенција во последните пет години се зголемила за 74%, а самата професија бара одлично знаење во сверата на машинското и длабокото учење.

На листата се најдоа и голем број инженерски професии, но и работни позиции како специјалист за успех на клиенти и главен референт за приходи за кои се очекува да има голема побарувачка во следната година.

Еве ги 15-те најбрзорастечки работни места за 2020 година, според LinkedIn:

  1. Product Owner
  2. JavaScript Developer
  3. Cloud Engineer
  4. Главен референт за приходи
  5. Back-end Developer
  6. Експерт за сајбер безбедност
  7. Техничар за ментално здравје
  8. Data Engineer
  9. Специјалист за развој на продажба
  10. Специјалист за успех на клиенти
  11. Site reliability Engineer
  12. Full-stack Engineer
  13. Data Scientist
  14. Инженер за роботика
  15. Специјалист за вештачка интелигенција